User manual

Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
Готвењето на површина за готвење со маст или масло
без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или со специјално противпожарно кебе.
Не чувајте предмети на површините за готвење.
Металните предмети, какви што се ножеви, виљушки,
лажици и капаци, не треба да се оставаат на површината
за готвење бидејќи може да се вжештат.
Не користете чистач на пареа за чистење на апаратот.
Ако стакло-керамичката / стаклената површина е
напукната, исклучете го апаратот за да ја избегнете
можноста од струен удар.
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, овластен сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Апаратот мора да го монтира
само квалификувано лице.
Извадете ја целата амбалажа
Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Одржувајте минимална оддалеченост
од другите апарати и делови.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Зачепете ги засечените површини со
заптивач за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното на
апаратот и горната фиока да е доволен
за циркулација на воздух
Дното на апаратот може да стане
жешко. Уверете се дека сте монтирале
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до
дното.
Поврзување со струја
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Ризик од пожар и струен удар.
Секое поврзување со струја треба да
биде направено од квалификуван
електричар.
Апаратот мора да биде заземјен.
Пред да се изведуваат какви било
работи, проверете дали апаратот е
исклучен од струја.
12 www.zanussi.com