User manual

Секогаш употребувајте садови за
готвење со чисто дно.
Гребаниците или темните дамки на
површината не влијаат врз работата на
апаратот.
Користете специјално средство за
чистење наменето за површини за
готвење.
Употребувајте специјално стругало за
стаклото.
Чистење на плочата за готвење
Веднаш отстранете: стопена пластика,
пластична фолија и храна што содржи
шеќер. Во спротивно, нечистотијата
може да предизвика оштетување на
плотната за готвење. Ставете го
стругалото на стаклената површина под
остар агол и движете го сечивото по
површината.
Извадете ги откако апаратот е
доволно изладен: прстени од бигор,
вода, дамки од маснотии, светкави
метални промени на бојата. Чистете ја
плотната за готвење со влажна крпа и
малку детергент. По чистењето,
исушете го апаратот со мека крпа.
Решавање на проблеми
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Што да направите ако...
Проблем Можна причина Решение
Не можете да ја вклучите или
да ракувате со површината за
готвење.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
правилно поврзан со
електрична енергија. Видете
го дијаграмот за поврзување.
Избил осигурувач. Проверете дали осигурувачот
е причина за дефектот. Ако
осигурувачот постојано
избива, стапете во контакт со
квалификуван електричар.
Ако не можете да најдете решение...
Ако не можете самите да го решите
проблемот, обратете се кај вашиот
продавач или во овластениот сервисен
центар. Наведете ги податоците од
плочката за спецификации. Исто така
наведете ја и троцифрената шифра за
стакло-керамика (се наоѓа во аголот на
стаклената површина).Осигурете се дека
правилно работите со површината за
готвење. Ако неправилно сте ракувале со
површината за готвење, сервисирањето од
страна на сервисниот техничар или на
продавачот нема да биде бесплатно, дури
и во гарантниот период. Упатствата за
службата за односи со корисниците и за
условите на гаранцијата се наведени во
гарантниот лист.
16 www.zanussi.com