User manual
БЕЗБЕДНОСНИ ИНФОРМАЦИИ
Пред монтажата и употребата на овој апарат, внимателно
прочитајте ги приложените упатства. Производителот не е
одговорен ако неправилната монтажа и употреба
предизвикаат повреди и оштетувања. Секогаш чувајте го
упатството со апаратот за идна употреба.
БЕЗБЕДНОСТ НА ДЕЦА И РАНЛИВИ ЛИЦА
• Овој апарат можат да го користат деца над 8 години и
лица со намалени физички, сетилни или ментални
способности или лица без искуство и знаење доколку тоа
го прават под надзор или им биле дадени упатства како
безбедно да го употребуваат апаратот и ги разбираат
опасностите поврзани со него.
• Не дозволувајте им на децата да играат со апаратот.
• Чувајте го пакувањето настрана од дофат на деца.
• Држете ги децата и миленичињата подалеку од апаратот
кога тој работи или кога се лади. Деловите кои се
достапни се жешки.
• Доколку апаратот има уред за безбедност на деца, ви
препорачуваме да го активирате.
• Чистењето и одржувањето од страна на корисникот не
треба да го прават деца без надзор.
• Апаратот не смее да биде во дофат на деца помали од 3
години освен ако не се под постојан надзор.
ОПШТА БЕЗБЕДНОСТ
• Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на површина за готвење со маст или масло
без надзор може да биде опасно и да доведе до пожар.
• Никогаш не гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак
или со специјално противпожарно кебе.
2