User manual

По чистењето, приклучете ја повторно
опремата во електричната мрежа.
Одмрзнување на замрзнувачот
На полиците на замрзнувачот и околу
најгорната преграда секогаш ќе се
формира малку мраз.
Одмрзнете го замрзнувачот кога слојот
мраз ќе достигне дебелина од околу 3-5
mm.
ВАЖНО Околу 12 часа пред
одмрзнувањето, свртете го регулаторот на
температурата кон повисоките поставки за
да се насоберат
доволни резерви студ за
прекинот на работата.
За да го отстраните мразот, постапете на
следниов начин:
1. Исклучете го апаратот и извадете го
приклучникот од штекерот.
2. Извадете ја храната, завиткајте ја во
неколку слоја весник и ставете је на
студено место.
ВНИМАНИЕ Не допирајте ги
смрзнатите работи со мокри раце.
Рацете може да се
залепат за смрзнатото.
3. Оставете ја вратата отворена и
вметнете ја пластичната гребалка во
соодветното лежиште во долниот
среден дел, ставајќи леген одоздола за
да ја собира водата од
одмрзнувањето.
За да се
забрза
одмрзнувањето,
ставете сад со
топла вода во
комората за
замрзнување.
Освен тоа,
отстранете ги парчињата мраз што се
откачуваат пред да заврши
одмрзнувањето
.
4. Кога ќе заврши одмрзнувањето,
исушете ја внатрешноста темелно и
чувајте ја гребалката за идна употреба.
5. Вклучете го апаратот.
6. Поставете го регулаторот на
температура на позицијата << -18 °C
>> и оставете го апаратот да работи
најмалку 4 часа во режим за брзо
замрзнување.
7. После 4 часа во коморите вратете ја
храната што претходно ја извадивте.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Никогаш
не
користете метални алатки за да го
истругате мразот од испарувачот, бидејќи
може да го оштетите.
Не користете механички уреди или какви
било други вештачки средства за
забрзување на процесот на одмрзнување,
освен оние што се препорачани од
производителот.
Качувањето на температурата на
смрзнатата храна за време на
одмрзнувањето може да го скрати нивниот
век
на чување.
Периоди неработење
Кога апаратот не се користи подолго
време, преземете ги следниве
предострожности:
1. откачете го апаратот од електричната
мрежа
2. извадете ја сета храна
3. Одмрзнете ги и исчистете ги апаратот
и сите додатоци.
4. оставете ја вратата или вратите
подотворени за да спречите
непријатни мириси.
ВАЖНО Ако фрижидерот треба да остане
вклучен, замолете
некого да го проверува
повремено за да не се случи храната да се
расипе во случај на снемување струја.
36
www.zanussi.com