User manual

Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Следниве
упатства за монтажа, поврзување и
одржување мора да ги изведуваат
квалификувани техничари во согласност
со стандардите и локалните важечки
прописи.
Приклучување на гас
Одберете фиксни приклучоци или
користете флексибилно црево обвиткано
со челик што не 'рѓосува, во согласност со
важечките прописи. Ако користите
флексибилни метални црева, внимавајте
да ги допираат подвижните делови и да
не
се стиснати. Бидете внимателни и кога
површината за готвење е споена со рерна.
ВАЖНО Уверете се дека притисокот на
напојувањето на уредот со гас е во
согласност со препорачаните вредности.
Спојката што може да се конвертира се
прицврстува на широката рампа со помош
на навртка со навој G 1/2". Зашрафете ги
деловите без премногу сила,
приспособете го поврзувањето во
саканата насока и стегнете ги сите делови.
1
2
2
3
4
1
Крај на вратилото со навртка
2
Дихтунг (дополнителниот дихтунг е
само за Словенија и Турција)
3
Колено
4
Гумен држач за цевка за течен гас
(само за Словенија и Турција)
Течен гас: употребете го гумениот држач
за цевка. Секогаш користете дихтунг.
Потоа продолжете со поврзувањето на
гасот. Флексибилната цевка е подготвена
за примена кога:
не може да се загрее повеќе од собна
температура, повисоко од 30°C;
не е подолга од 1500 mm;
нема затнувања;
не е изложена на истегнување или
усукување;
не доаѓа во допир со остри рабови или
агли;
може лесно да се прегледа за да се
утврди состојбата.
Контролата на состојбата на
флексибилната цевка се состои во
проверка на следниве работи:
да не е напукната, расечена или
подгорена на двата краја
и по целата
должина;
материјалот да не е стврднат, туку да е
правилно еластичен;
стегите да не се 'рѓосани;
рокот на траење да не е поминат.
Ако се забележат една или повеќе
неправилности, не поправајте ја цевката,
туку заменете ја.
ВАЖНО Кога монтажата е завршена,
проверете дали заптивката на секоја цевка
е соодветна. Употребете сапунеста
течност, не пламен!
Замена на дизните
1. Отстранете ги држачите за садови.
2. Отстранете ги капите и круните од
пламениците.
3. Одвртете ги вбризгувачите со клуч бр.
7 и заменете ги со други, потребни за
типот на користениот гас (погледнете
29
www.zanussi.com