User manual

ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Уверете се дека
рачките на тенџерињата не стрчат
надвор од предниот раб на површината за
готвење и дека се средишно поставени на
прстените заради максимална стабилност
и пониска потрошувачка на гас.
Не ставајте нестабилни или деформирани
тенџериња на прстените за да се
заштитите од преливање и повреда.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не се
препорачува дифузер за оган
.
Информации за акриламиди
ВАЖНО Според најновите научни
сознанија, ако ја препечувате храната
(особено онаа што содржи скроб),
акриламидите може да претставуваат
ризик за здравјето. Затоа, препорачуваме
да готвите на најниски температури и да
не ја препечувате храната премногу.
Нега и чистење
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Исклучете го
апаратот и оставете го да се излади
пред да го чистите. Пред чистење или
одржување, исклучете го апаратот од
струја.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Од безбедносни
причини, не чистете го апаратот со
чистачи на пареа или со чистачи под висок
притисок.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Немојте да
користите абразивни средства за
чистење, метални жички или киселини.
Тие може
да предизвикаат оштетување на
апаратот.
Гребаниците и темните дамки на
стаклото не влијаат врз работата на
апаратот.
За полесно чистење на површината за
готвење можете да ги извадите
држачите за тави.
За чистење на емајлираните делови,
капакот и круната, измијте ги со топла
вода со сапуница и исушете ги
внимателно пред да ги
вратите назад.
Измијте ги деловите од нерѓосувачки
челик со вода, а потоа исушете ги со
мека крпа.
Држачите за садови не се перат во
машина за миење садови. Тие мора да
се мијат рачно.
При рачно миење на држачите за
садови, внимавајте кога ги сушите
бидејќи процесот на емајлирање
повремено остава остри рабови. Ако е
потребно, отстранете ги тврдокорните
дамки со помош на крем-детергент.
Погрижете се по чистењето правилно да
ги поставите држачите за садови.
За да работат пламениците правилно,
погрижете се рачките на држачите
за
садови да бидат во центарот на
пламеникот.
Бидете многу внимателни при
замената на држачите за садови за да
спречите оштетување на горниот дел
на површината за готвење.
По чистењето, исушете го апаратот со
мека крпа.
Нерѓсувачкиот челик може да потемни
доколку се прегрева. Затоа, не смеете да
готвите во камени и земјени садови или во
садови од лиено железо. Во
текот на
работењето, не користете алуминиумска
фолија за да го спречите оштетувањето на
површината.
Отстранување на нечистотиите:
1. Отстранете ги веднаш: стопена
пластика, пластична фолија и храна
што содржи шеќер.
Исклучете го апаратот и оставете
го да се излади пред чистењето на:
34
www.zanussi.com