User manual

A
B
C
D
A) Капак на пламеникот
B) Круна на пламеникот
C) Свеќа за палење
D) Термоeлемент
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Не држете го
копчето притиснато подолго од 15
секунди.
Ако пламеникот не се запали по 15
секунди, отпуштете го контролното копче,
свртете го кон позиција за исклучување и
по 1 минута обидете се да го запалите
пламеникот повторно.
ВАЖНО Ако нема струја, пламеникот
можете да го запалите без електричен
уред; приближете пламен до пламеникот,
притиснете го соодветното копче надолу и
свртете го налево на положба за
максимално испуштање на гас.
Ако пламеникот случајно се изгасне,
свртете го копчето во исклучена
положба и обидете
се повторно да го
запалите пламеникот по најмалку една
минута.
Генераторот за искри може
автоматски да се активира кога
повторно ќе ја вклучите струјата по
инсталирање или по прекин во
снабдувањето. Тоа е нормално.
Гасење на пламеникот
Притиснете и завртете го контролното
копче во десно, кон симболот
.
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Намалете го или
исклучете го пламенот пред да ги
тргнете тенџерињата од пламеникот.
Помошни напомени и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
Штедење енергија
Ако е можно, секогаш ставајте капаци на
тенџерињата.
Штом течноста во садот ќе почне да
врие, намалете го пламенот, така што
само ќе се одржува тивко крчкање.
Користете само садови за готвење со
дијаметар кој одговара на димензиите на
пламениците.
Пламеник Дијаметри на садовите за
готвење
Брз 160 - 260 mm
Пламеник Дијаметри на садовите за
готвење
Полубрз 120 - 220 mm
Помошен 80 - 160 mm
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Потрудете се
дното на тенџерето да не стои над
контролните копчиња. Доколку
контролните копчиња се под дното на
тенџерето, оганот ги загрева.
Не ставајте ја истата тава на два
пламеника.
31
www.zanussi.com