User manual
Општа безбедност
• Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може
да биде опасно и да доведе до пожар.
• Никогаш не
гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Апаратот мора
да го монтира само квалификувано
лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Немојте да монтирате ниту да користите
оштетен апарат.
• Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
• Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
• Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици
.
• Зачепете ги засечените површини со
заптивач за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
• Заштитете го дното на апаратот од
пареа и влага.
• Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
• Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното на
апаратот и горната фиока да е доволен
за циркулација на воздух
.
• Дното на апаратот може да стане
жешко. Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до
дното.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од пожар
и струен удар.
• Сите поврзувања на струјата мора да
бидат направени од квалификуван
електричар.
39
www.zanussi.com