User manual

Помош и совети
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ!
Видете во поглавјата за заштита
и сигурност.
Температурата и времињата на
печење во табелите се дадени
само како водич. Тие зависат од
рецептите и квалитетот и
количината на состојките што се
употребуваат.
Општи информации
Апаратот има пет позиции на
решетката. Бројте ги нивоата на
решетките од долниот дел на апаратот.
Апаратот е опремен со специјален
систем кој обезбедува струење на
воздухот и постојано кружење на
пареата. Со овој систем може да
готвите во опкружување со пареа, со
што јадењата ќе останат сочни
одвнатре, а крцкави однадвор. Тоа ги
намалува времето на готвење и
потрошувачката на енергија на
минимум.
На апаратот или на стаклените плочи на
вратата може да кондензира влага. Тоа
е нормално. Додека готвите, секогаш
стојте подалеку од апаратот кога ја
отворате вратата. За да ја намалите
кондензацијата, загрејте го апаратот
околу 10 минути пред готвењето.
Избришете ја влагата по секоја
употреба на апаратот.
Кога готвите, не ставајте ги предметите
директно на дното на апаратот и не
покривајте кој било дел со
алуминиумска фолија. Тоа може да
влијае на резултатите на печењето и да
го оштети емајлот.
Печење колачи
Не отворајте ја вратата на рерната пред
да поминат 3/4 од времето за печење.
Ако користите два плеха за печење
истовремено, оставете го нивото помеѓу
нив празно.
Готвење месо и риба
Користете длабока тава за многу мрсна
храна за да спречите појава на трајни
дамки во печката.
Оставете го месото да постои околу 15
минути пред да го сечете за да не му
истечат соковите.
За да спречете појава на многу чад во
печката за време на печењето месо,
додадете малку вода во длабоката
тава. За спречување на кондензација на
чад, додадете вода секогаш кога истата
ќе се исуши.
Времетраење на готвењето
Времетраењето на готвењето зависи од
видот на храна, нејзината густина и
зафатнина.
На почеток, следете го работењето на
рерната кога готвите. Најдете ги
најдобрите поставки (температура, време
на готвење итн.) за вашите садови,
рецепти и количества кога го користите
овој апарат.
Табела за печење тесто и месо
Колачи
Храна Вообичаено готвење Готвење со
вентилатор
Време
(мин.)
Коментар
и
Температ
ура (°C)
Ниво на
решеткат
а
Температ
ура (°C)
Ниво на
решеткат
а
Рецепти со
матење
170 2 160 3 45 - 60 Во калап за
колач
www.zanussi.com 31