User manual
Општа безбедност
• Апаратот и неговите достапни делови се вжештуваат за
време на употребата. Не допирајте ги грејните елементи.
• Не управувајте со апаратот со надворешен тајмер или со
посебен систем за далечинско управување.
• Готвењето на плотна со маст или масло без надзор може
да биде опасно и да доведе до пожар.
• Никогаш не
гаснете оган со вода, туку исклучете го
апаратот, а потоа покријте го пламенот, на пр. со капак или
специјално противпожарно ќебе.
• Не чувајте предмети на површините за готвење.
• Не користете чистач на пареа за чистење на уредот.
• Металните предмети, како ножеви, виљушки, лажици и
капаци, не треба да се оставаат на
површината за готвење
бидејќи може да станат жешки.
• Ако стакло-керамичката површина е напукната, исклучете
го апаратот за да ја избегнете можноста од струен удар.
Инструкции за безбедност
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Апаратот мора
да биде монтиран само од
квалификувано лице.
• Извадете ја целата амбалажа.
• Никогаш не монтирајте и не користете
оштетен апарат.
• Следете ги инструкциите за монтирање
дадени со апаратот.
• Одржувајте минимална оддалеченост од
другите апарати и делови.
• Бидете внимателни кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици
.
• Залепете ги засечените површини со
лепак за да спречите влагата да
предизвика надигнување.
• Заштитете го дното од апаратот од
пареа и влага.
• Не го монтирајте апаратот во близина
на врата или под прозорец. На овој
начин ќе спречите некој жежок сад за
готвење да падне од апаратот кога
вратата или прозорецот се отворени.
• Ако апаратот е монтиран над фиоки,
внимавајте просторот помеѓу дното од
апаратот
и горната фиока да е доволен
за циркулација на воздух.
• Дното на апаратот може да стане жежок.
Ви препорачуваме да монтирате
незапалива плоча за одделување под
апаратот за да спречите пристап до
дното.
28
www.zanussi.com