User manual

Употребувајте специјално средство
за чистење стакло, керамика или
нерѓосувачки челик.
2. Чистете го апаратот со влажна крпа и
малку детергент.
3. На крајот на крајот исушете го
апаратот со чиста крпа.
Решавање на проблеми
Проблем Можна причина Решение
Не можете да го вклучите или
да ракувате со апаратот.
Апаратот не е поврзан со
напојување за струја или не е
правилно поврзан.
Проверете дали апаратот е
правилно поврзан со струја
(погледнете во дијаграмот за
поврзување).
Проблем со електричната
инсталација во домот.
Проверете го осигурувачот во
таблата за електрична
инсталација во вашиот дом.
Ако осигурувачот постојано
прегорува, разговарајте со
квалификуван електричар.
Показателот за преостанатата
топлина не се пали.
Ринглата не е жешка затоа
што работела кратко време.
Ако ринглата што работи не е
доволно жешка подолг период,
јавете се во сервисот.
Ако сте се обиделе со сите погоре
наведени решенија и сепак не можете да
го отстраните проблемот, обратете се во
службата за односи со корисниците.
Наведете ги податоците од плочката со
технички податоци, троцифрената шифра
за стакло-керамика (се наоѓа во аголот на
плочата за готвење) и пораката за грешка
која се пали.
Ако неправилно сте ракувале со уредот,
сервисирањето од страна на сервисниот
техничар или на дилерот нема да биде
бесплатна, дури и во гарантниот период.
Упатствата за службата за односи со
корисниците и за условите на гаранцијата
се наведени во гарантниот лист.
Монтажа
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Видете во
поглавјата за заштита и сигурност.
Пред инсталацијата, забележете го
серискиот број (Ser. Nr.) од плочката
со спецификации.Плочката со
спецификации на апаратот е на
неговото долно куќиште.
ZVM 64X
949 592 733 03
58PEE11AO
ZANUSSI
220-240 V 50-60-Hz
6,0 kW
Вградени апарати
Користете ги апаратите што се
вградуваат само ако се претходно
вградени во соодветни елементи за
вградување и во работни површини кои
ги исполнуваат стандардите.
Кабел за поврзување
Во случај на еднофазно или двофазно
поврзување, мора да се користи
соодветен кабел за струја од типот
H05BB-F Tmax 90°C (или подобар).
Заменете го оштетениот кабел со
специјален
кабел (тип H05BB-F Tmax
33
www.zanussi.com