User manual

По користење, чистење и одржување,
секогаш исклучувајте го уредот од
напојувањето со струја и затворете го
доводот на вода.
Во никој случај не би смееле да се
обидувате сами да го поправате
апаратот. Поправките изведени од
страна на неискусни лица може да
предизвикаат повреда или сериозни
грешки во работењето. Обратете се во
локалниот сервисен
центар. Секогаш
инсистирајте на оригинални резервни
делови.
Монтажа
Овој апарат е тежок. Бидете внимателни
кога го преместувате.
Сета амбалажа и транспортните
клинови мора да се отстранат пред
употребата Доколку не се придржувате
кон ова може да дојде до сериозно
оштетување на уредот. Погледнете го
соодветното поглавје во прирачникот.
Овој апарат не се вградува.
НЕМОЈТЕ
да го вградувате во елемент и
НЕМОЈТЕ да ја отстранувате горната
работна површина поради никаква
причина.
По монтажата, проверете уредот да не
стои врз доводното или одводното
црево и горната работна површина да
не го притиска кабелот за напојување со
струја во ѕидот.
Монтирајте го апаратот на рамен тврд
под.
Никогаш не ставајте
картон, дрво или
сличен материјал под апаратот за да ги
израмните нерамнините на подот.
Ако апаратот е поставен на покриен под,
приспособете ги ногарките за да се
овозможи слободно кружење на
воздухот под апаратот.
Проверете апаратот да не се допира до
ѕидот или другите кујнски елементи.
Апаратот мора да се приклучи
на
довод за студена вода.
Не употребувајте го цревото од старата
машина за да го поврзете апаратот на
доводот на вода. Секогаш користете го
цревото испорачано со апаратот.
Доводното црево не смее да се
продолжува. Ако е премногу кратко и ако
не сакате да ја преместувате славината,
ќе треба да купите ново, подолго црево,
специјално наменето за
овој тип на
примена.
По монтажата, секогаш проверете дали
цревата и спојките добро дихтуваат.
Ако апаратот е наместен каде што е
можно да замрзне, прочитајте го
поглавјетоЗаштита од замрзнување“.
Производителот се оградува од секаква
одговорност за штета од замрзнување.
Водоводџиските работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван
водоводџија или
стручно лице.
Електричните работи, потребни за
монтажа на овој уред, мора да ги
изведува квалификуван електричар или
стручно лице.
Употреба
Апаратот е конструиран за користење во
домаќинството. Не смее да се користи
за други цели, освен оние за кои е
наменет.
Перете само ткаенини што се наменети
за перење во машина.
Следете ги
упатствата на етикетата на секое парче
облека.
Не преполнувајте го апаратот.
Погледнете ја Табелата со програми за
перење.
Пред перењето, проверете дали
џебовите се празни и дали патентите се
затворени. Избегнувајте перење на
изресени или искинати предмети, и
третирајте ги дамките од боја, мастило,
рѓа и трева пред перењето. Градниците
со жица
НЕ смеат да се перат во
машина.
Фиоката на дозерот за детергент има
преграда за течен детергент. Немојте да
3
www.zanussi.com