User manual

Менувањето на програма во тек е можно
само со нејзино ресетирање. Завртете го
бирачот на програми на
па потоа на
положбата на новата програма. Почнете
ја новата програма повторно притискајќи
го копчето 7.
Водата за перење во кадата нема да се
испразни.
Прекинување програма
Притиснете го копчето 7 за да ја
прекинете пуштената програма,
соодветното светло почнува да трепка.
Притиснете го копчето повторно за да ја
почнете програмата рестартирање.
Откажување програма
Свртете го тркалцето на програматорот на
за да ја откажете пуштената програма.
Сега можете да изберете нова програма.
Отворање на вратата откако
програмата ќе стартува
Првин поставете ја машината за перење
на пауза притискајќи го копчето 7.
Доколку контролната ламбичка 9 трепка и
се изгаси после неколку минути, вратата
може да се отвори.
Ако контролната сијаличка 9 остане
запалена,
тоа значи дека машината веќе
се загрева или дека нивото на водата е
превисоко. Како и да е, не обидувајте се
да ја отворите вратата на сила!
Ако не можете да ја отворите вратата, а
ви треба да ја отворите, треба да ја
исклучите машината вртејќи го тркалцето
на програматорот на
. По неколку
минути вратата може да се отвори.
(Обратете внимание на нивото и
температурата на водата !).
Откако ќе ја затворите вратата, одново ќе
треба да ги одберете програмата и
опциите и да го притиснете копчето 7.
На крај од програмата
Машината запира автоматски. Се
огласуваат некои звучни сигнали и на
екранот се
појавува трепкање.
Контролната сијаличка на 7 и контролната
сијаличка на копчето 9 се гасат.
Ако сте ја поставиле програмата или
опцијата завршува на тој начин што вода
останува во кадата, контролната
сијаличка 9 останува да свети. Вратата е
заклучена за да укаже дека треба да се
испушти водата. Во текот на ова време
барабанот
продолжува да се врти во
регуларни интервали се додека не се
исцеди водата.
Постапете на следниов начин за да ја
испуштите водата:
1.
Завртете го програматорот на
.
2. Одберете програма за испуштање на
водата или за центрифугирање.
3. Доколку е потребно, намалете ја
брзината на центрифугата притискајќи
го соодветното копче.
4. Притиснете го копчето 7.
На крајот на програмата, вратата се
ослободува и може да се отвори.
Завртете го програматорот на
за да ја
исклучите машината.
Извадете ги алиштата од барабанот и
внимателно проверете дали барабанот е
празен. Доколку немате намера да
изведувате друго перење, затворете ја
славината. Оставете ја вратата
подотворена за да спречите создавање на
мувла и непријатни миризби.
Подготвеност : штом ќе заврши
програмата, по неколку минути ќе се
вклучи системот за штедење енергија.
Осветленоста на екранот се намалува.
Апаратот ќе излезе од состојбата за
штедење енергија со притискање на кое
било копче.
18
www.zanussi.com