User manual

Општа безбедност
Пред одржувањето, исклучете го апаратот и исклучете го
кабелот од штекерот за струја.
Не менувајте ги спецификациите на овој апарат.
Почитувајте ја максималната количина на полнење од 8 кг
(погледнете во поглавјетоТабела со програми“).
Доколку кабелот за напојување се оштети, треба да се
замени од страна на производителот, негов сервисен
претставник или слично квалификувани лица за да се
избегне опасност.
Работниот притисок на водата (минимум и максимум)
мора да биде меѓу 0,5 bar (0.05 MPa) и 8 bar (0,8 MPa)
Отворите за проветрување во базата (ако ги има) не смеат
да бидат попречени од килим.
Апаратот треба да се поврзе со довод на вода со
користење на приложените нови
комплети црева. Старите
комплети црева не смеат да се користат пак.
Инструкции за безбедност
Монтажа
Отстранете ја сета амбалажа и
транспортните завртки.
Задржете ги транспортните завртки.
Кога повторно ќе го преместувате
апаратот, мора да го блокирате
барабанот.
Немојте да монтирате ниту да
користите оштетен апарат.
Не монтирајте го и не користете го
апаратот на места каде што
температурата е пониска од 0°C или
каде што е изложен на
атмосферски
влијанија.
Придржувајте се до упатството за
монтажа приложено со апаратот.
Проверете дали подот на кој го
монтирате апаратот е рамен, стабилен,
отпорен на топлина и чист.
Не монтирајте го апаратот на места
каде што вратата на апаратот не може
целосно да се отвори.
Секогаш внимавајте кога го
преместувате апаратот затоа што е
тежок. Секогаш носете заштитни
ракавици.
Проверете дали има циркулација на
воздух меѓу апаратот и подот.
Приспособете ги ногалките за да има
доволно простор меѓу апаратот и
килимот
.
Поврзување на струјата
ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ Ризик од пожар
и струен удар.
Апаратот мора да биде заземјен.
3
www.zanussi.com