Installation Instruction

Ставете некаков
сад блиску до
пумпата (А), за да
ја соберете водата,
што евентуално ќе
истече.
Извлечете го
цревото за
ургентно
испуштање (В),
ставете го во садот
и извадетете го
капачето.
Откако водата ќе престане да тече,
одвртете го капакот на пумпата вртејќи
го во лево и извадете го филтерот.
Користете клешти, ако е потребно.
Секогаш држете некаква крпа во
близина за да ја соберете истурената
вода кога го вадите капакот.
Исчистете го филтерот под млаз вода за
да ги отстраните сите влакненца.
Отстранете ги
страните тела и
влакненцата од
лежиштето на
филтерот и
роторот на
пумпата.
Внимателно
проверете дали
роторот на пумпата
се врти (се врти со
прекини). Ако не се
врти, обратете се
во локалниот
Сервисен центар.
Вратете го капакот
од цревото за итно
празнење на место
и вратете го
цревото во
неговото лежиште.
Вратете го
филтерот во
пумпата
вметнувајќи го
правилно во
специјалните
водилки.
Зашрафете го
капакот од пумпата
со вртење во
десно.
ВНИМАНИЕ Доколку апаратот
работел, а зависно од избраната
програма, во пумпата може да има жешка
вода.
Никогаш не вадете го капакот од пумпата
за
време на циклус на перење, секогаш
почекајте апаратот да го заврши циклусот
и да биде празен. Кога го враќате капакот
на пумпата на место, проверете дали е
цврсто затегнат за да спречите
протекување и можност деца да го
одвртат.
Чистење на филтрите на доводот за
вода
ВАЖНО Ако апаратот не прима вода,
долго време
прима вода, копчето за
почнување трепка жолто или екранот (ако
го има) го прикажува соодветниот аларм
(видете подетално во поглавјетоШто
треба да се направи ако...“ за повеќе
детали), проверете да не се блокирани
филтрите на доводот за вода.
Чистење на филтрите на доводот за вода:
20
www.zanussi.com